Целосно реконструираниот, реставриран и конзервиран
југозападен бедем на скопската тврдина Кале ќе биде специјално осветлен
вечерва, во пресрет на празникот 8 Септември-Денот на независноста на
Македонија.
Официјален Белград, најверојатно, ќе се согласи на
компромис околу текстот на својата резолуција за Косово доставена до ОН,
прифакајќи ги основните насоки што ги нуди предлогот на Европската унија,
објави Би-Би-Си.
Рускиот премиер Владимир Путин потврди дека планира да се
кандидира за трет мандат како претседател на Русија во 2012 година,
инсистирајќи дека на тој начин нема да биде повреден Уставот на земјата, пишува
лондонски „Индепендент“.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски најави
дека македонската делегација што ќе учествува на годинaшнaта главна
сесија на Генерално собрание на ОН во Њујорк кон крајот на месецов ќе
има средба со медијаторот Метју Нимиц, но вели оти нема информации за
евентуален негов нов предлог за надминување на долгогодишниот спор со Грција
околу името.
Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска беше
отворена изложба на фотографии насловена „ЦО2 бесконечноста на Брисел“,
во рамки на програмата „Престој на уметници во Брисел“.
Повеќе од 40.000 лица присуствуваа на концертот на
легендарната ирска рок-група „Ју-Ту“, што се одржа синоќа на олимпискиот
стадион „Ататурк“ во Истанбул.
Американскиот претседател Барак Обама предложи план во
вредност од 50 милијарди долари, со кој се предвидува за шест години да се обнови
патната инфрструктура и да се создадат нови работни места во САД.